Изминативе денови, белграѓани забележаа појава на лисици на неколку локации во градот, најпрвин на Дедиње, како претураат по отпадот во близина на контејнер, па на тротоар на Јулина Брдо, па во Дорќол и Земун.
Граѓаните велат дека животните не биле исплашени, мирно стоеле и ги гледале.
Во некои делови на Белград не е невообичаено да се видат диви животни на улица. По градските улици шетаа и диви свињи, потоа беа забележани фазани по парковите, ежови на тротоарите, но и лисици покрај контејнерите, најчесто во доцните часови.
Во претходните три дена, белграѓани снимиле неколку лисици на повеќе локации во градот. Меѓу исплашените била и Јелена од Јулино Брдо, која доцна вечерта се враќала дома и на пат кон својата зграда, затекла дури три лисици.
– Не ми беше сеедно кога ги видов. Се шетаа покрај контејнерот. Едната беше покрај контејнерот и тетнеше нешто како колбас, додека другата се врткаше околу кеса со леб. Третата стоеше покрај нив и ги набљудуваше. Ме забележа и во тој момент ми се пресекоа нозете. Гледаше директно во мене, изјави Јелена за „Нова.рс“.
Мирните лисици, кои не бегаат од луѓето, претставуваат притаена закана, предупреди лоџијата од Сувобор, Бошко Миловановиќ, и истакна дека во тие ситуации е нужно да не им се приоѓа по никоај цена, бидејќи можат да бидат опасни.