Припадници на српското МВР и УКП, Службата за борба против организиран криминал, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал, спречија активности на организирана криминална група осомничена за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на допинг средства како и здружување заради извршување на кривични дела. Кривична пријава е поднесена против организаторите С.Р.(46) и Л.Б.(43) и уште 8 други членови.
Откако Министерството за внатрешни работи на Србија во 2022 година добило информација дека еден од корисниците на стероиди купени во Србија е во животна опасност на територијата на Хрватска, СБПОК започна опсежна истрага наречена „Довер“.
Во соработка со Полициската управа за град Белград, ПС Сурчин, ПС Нови Белград и ПУ Чачак-ПС Горњи Милановац, запленети се околу три тони стероиди чија вредност е над три милиони евра.
Во текот на денешната акција одземени се десет возила, 500.000 евра во крипто валута, 100.000 евра, 10 луксузни часовници од марките „Ролекс“, „Брајтлинг“, „Картие“ и други.
Во минатото оваа групација се стекнала со големо богатство, кое го инвестирале во луксузни автомобили, станови, куќи, како и луксузен начин на живот.
Затоа е покрената истрага за сомнително кривично дело перење пари, при што на членовите на групата им биле блокирани банкарските сметки и сефовите и одземени се неколку луксузни станови и куќи. Како што се сомнева, оваа организирана криминална група вршела нелегален увоз и дистрибуција на анаболни стероиди, претежно со потекло од Индија, додека дел се произведувале во импровизирани лаборатории. Дополнително, на подолг временски период ги менувале датумите на оние кои биле со истечен рок на употреба и со тоа дополнително го загрозувале крајниот корисник.
Се сомнева дека С.Р. создал висока криминална мрежа со голема финансиска моќ, чии членови за да избегнат гонење од страна на полицијата користеле шифрирани апликации за комуникација. Тие биле поврзани со други лица кои дејствувале на територијата на Чешка, Словачка, Северна Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Англија, преку кои продавале допинг средства во други земји на ЕУ.
На уапсените им е одредена мерка притвор до 48 часа.
Поранешниот полицаец, бодибилдер и поранешен учесник на реалното шоу „Фарма“, Лепомир Бакиќ, е уапсен како организатор на криминална група која е под сомнение дека продавала забранети допинг средства.
При претресот, полицијата во куќата на Бакиќ пронашла паричник за криптовалути во вредност од околу 470.000 долари.
Инаку, Бакиќ на јавноста и стана познат како учесник во реалното шоу Фарма, во кое тогаш престојуваше и Кристијан Голубовиќ. Во тоа време Бакиќ се уште бил вработен во МУП, но подоцна бил суспендиран и му престанал работниот однос.
– На социјалните мрежи рекламираше додатоци и често објавуваше фотографии на кои ги промовира, потсетува соговорникот на Курир.