(ВИДЕО) Малага е под вода, повторно поплави во Шпанија

од Milan1
326 прегледи

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвена метеоролошка тревога, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.

На една од снимките е прикажан поплавен аеродром, додека на друго видео се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.

Шпанската агенција за цивилна заштита вчера ги предупреди жителите на „екстремен ризик од поплави“.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да бидат најмногу погодени од новиот временски феномен познат како „Дана“.

Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвено предупредување, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалово предупредување.

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.

Слични содржини