Сириските безбедносни сили и групите што ги поддржуваат убиле повеќе од 340 цивили во нападите во изминатите два дена, од кои огромното мнозинство се од алавитското малцинство, изјави Рами Абдулрахман од Сириската опсерваторија за човекови права.
Сириските државни медиуми цитираа извор од Министерството за внатрешни работи дека се случиле „индивидуални прекршувања“ за време на владината операција за сузбивање на милитантите поврзани со соборениот режим на Башар ал Асад.
Изворите велат дека се работи на разрешување на инцидентите.
„Ројтерс“ не беше во можност да ги потврди овие наводи од независни извори, велат од агенцијата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека руската страна е вознемирена од наглото влошување на ситуацијата во Сирија, откако безбедносните сили на земјата се судрија со приврзаниците на соборениот претседател Башар ал Асад.