(ВИДЕО) Маж прегази над 50 луѓе со автомобил во Ливерпул, луѓето се во шок

од Milan1
13 прегледи

Заменичката началничка на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ја потврди претходно објавената вест дека 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кој полицијата верува дека го возел возилото во кое беа повредени речиси 50 лица, е уапсен на местото на настанот.

Вкупно 27 лица се префрлени во болници, а меѓу нив две лица се во критична состојба, вклучувајќи едно дете, откако 53-годишен маж со автомобил влетал во толпа луѓе на победничката парада на фудбалерите на Ливерпул, беше објавено на прес-конференција во Ливерпул.

Заменичката началничка на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ја потврди претходно објавената вест дека 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кој полицијата верува дека го возел возилото во кое беа повредени речиси 50 лица, е уапсен на местото на настанот. Таа рече дека истрагата е во тек и дека се утврдуваат фактите што претходеле на овој инцидент. „Инцидентот не беше третиран како терористички напад“, рече Симс, додавајќи дека станува збор за изолиран случај.

Иако на парадата беа преземени бројни безбедносни мерки, сè уште не е утврдено како автомобилот успеал да се пробие до улицата каде што одеа колоните навивачи на Ливерпул. Дејвид Кичен од службите за итни случаи објави информации за повредените на кои им е укажана помош, велејќи дека 27 лица, меѓу кои четири деца, се префрлени во блиските болници. Две лица, од кои едно е дете, се во критична состојба, но никој не починал на местото на настанот.

Кичен додаде дека 20 лица побарале помош на местото на настанот, но повредите не биле доволно сериозни за да бараат болничко лекување. Главниот противпожарен службеник Ник Серл изјави дека добиле повик во 18:07 часот по локално време за инцидентот за време на парадата. Кога пристигнале на местото на трагичниот настан, пожарникарите пронашле четири лица заробени под автомобилот.

„Три лица и едно дете беа извлечени од под возилото и веднаш однесени во болница со брза помош“, објави Сирл.

Слични содржини