(ВИДЕО) Меланија Трамп го „понижи“ сопругот пред светот: „Веројатно не и платил доволно“

од Илинка Илиоска
225 прегледи

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го најави доаѓањето на поранешната прва дама на сцената, а нејзиното појавување предизвика голем аплауз кај публиката.

Можеби затоа што ова е прво појавување на сопругата на Трамп во јавноста после долго време, а мораме да кажеме дека таа го украде целото внимание со својот стајлинг.

Нов скандал со Меланија Трамп

Таа за оваа пригода облекла црно-бел капут со животински принт, а косата ја обликувала на вообичаен начин – ја пуштила слободно да ѝ падне на рамениците.

Овој политички собир Меланија го отвори со петминутен говор, по што го покани сопругот да и се придружи и официјално да го отвори овој собир.

И токму тој момент привлече внимание. Доналд се надеваше дека овој пат ќе има можност јавно да ја бакне сопругата, но – тоа не се случи. Меланија го сврте образот кон него, а непријатната сцена со бакнување го обиколи светот – и тоа во вид на видео материјал.

Коментарите на корисниците на мрежата само се редеа под објавениот видео материјал, а многумина се прашуваат едно – Колку Трамп требаше да и плати на сопругата за да се појави на овој собир?

„Се прашувам колку и платил за да дојде?“, „Веројатно не и платил доволно“, „И сопругата не ја поддржува неговата кампања, па мора да плати за да дојде“, беа само дел од коментарите. …

Слични содржини