timthumb-4

После сите тие мили зборови за интерес на жените, се продолжи со навредите кон Катица Јанева која што три дена ги трпи во Собранието, рече пратеникот и лидер на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, информира а1он.

– Само да кажам што се денеска и кажаа: Лажете, неспособна сте, распашана сте, ништо не работите, закани доби дека треба да води сметка кога ќе и заврши мандатот каде ќе се врати, си играте мајтап, статистичка грешка сте. Продолжете со овој речник да ги штитите жените во Република Македонија. Ниту сакам да изигрувам адвокат, ниту опозицијата некого брани, Катица Јанева докажа колку е способна сама да се брани во овие три дена. Сакам да ви кажам дека ЛДП ви дава целосна поддршка, рече Милевски.

Тој рече дека барем половина од пратениците ќе останат и во наредниот мандат и дека тогаш ќе треба да гласаат да се продолжи мандатот на Катица Јанева и на Специјалното јавно обвинителство.

Целиот текст можете да го прочитате тука

loading...

Слични содржини