На небото над Кркa во понеделникот вечерта се појавиле две трепкачки светла кои ги збунија и вознемирија граѓаните.
Според видеото што го објави Бруно Цмрк на својот Фејсбук профил, светлата не се појавиле накратко, туку биле јасно видливи најмалку четири минути.
Како што објаснил тој за „Јутарни“ сосема случајно ги забележал со сопругата. Тој лежел на троседот и јадел чоколадо, таа седела во фотелја спроти него.
Бидејќи зад неа имало прозорец, тој забележал блесок низ завесите. Тој ѝ рекол да провери дали можеби има авион што лета во близина, но нешто им било чудно.
„Кога погледна, видов дека е скаменета и ми рече: „Ова не е авион, дојди види!“ Се гледаше со око исто како на камерата, ноќта беше чиста. Жената беше навистина исплашена“, вели Цмрк.
Тој додава дека многу луѓе од Крк ја виделе истата појава и никој не знае за што точно се работи. Самиот нема поим што се случило, вели, освен што изгледало како две топки кои менувале бои и форми.
„Потоа едната отиде во вис и повеќе не се гледаше, а другата исчезна после околу еден час“, заклучува Цмрк.
Во коментарите, корисниците напишаа дека истиот ден во попладневните часови забележале слична појава во областа Задар.