(ВИДЕО) Модна ревија на пензионери во Подгорица, најстариот манекен имаше 93 години

од Milan1
44 прегледи

Во Подгорица се одржа несекојдневна ревија во рамките на „Сениор Фест 2024“. Моделите на модната писта беа членови на Домот за стари лица, а најстариот манекен имаше 93 години.

Со сениорската модна ревија „Во слава на годините“ на Сека Мартиновиќ беше затворен овогодишниот „Сениор Фест 2024“. Моделите на познатата модна дизајнерка Сека Мартиновиќ, од колекцијата „Јованка Броз“ ги носеа манекени од Домот за стари лица во Подгорица, а најстариот манекен имаше 93 години.

Ова е прва сениорска модна ревија за прв пат одржана во Подгорица, а додека траеше аплаузот на публиката не престана. Сите заедно пееја, аплаудираа, но и плачеа, пренесува „РТЦГ“.

„Срцето ми е преполно, од силните емоции многумина од нас плачеа. Нашите манекени блескаа, играа и пееја на пистата, ѝ мавтаа на публиката, а таа им возврати со громогласен аплауз којшто не престана. Сигурна сум дека овогодишниот Сениор Фест ги помести границите и дека е огромен чекор кон нашата цел да ја промениме свеста на целокупното општество дека нашите постари се товар, дека се здодевни и напорни. Покажавме дека постарите често имаат повеќе дух, ентузијазам и радост отколку многумина помлади луѓе“, изјави организаторката на Сениор Фестот, Весна Радојевиќ.

Таа додаде дека ќе продолжат да ја креваат свеста и да испраќаат пораки дека старите лица се огромен ресурс на општеството и државата со нивното знаење, искуство и мудрост, како и дека општеството и државата мора да направат многу повеќе за да создадат услови за активен и здрав живот на пензионерите.

Слични содржини