Руската престолнина е под жесток напад на украински дронови. Како што јавуваат медиумите, сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на социјалните мрежи изјави дека најмалку 19 украински беспилотни летала биле уништени пред да стигнат до градот „од различни страни“. Тој додаде дека дел од остатоците од дронот паднале на еден од клучните автопати, но нема жртви.
Украина сè уште не коментираше. Но, градоначалникот на Харков тврди дека Русија и во текот на ноќта го нападнала неговиот град со дронови. Истовремено, гувернерите на регионите Пенза и Воронеж во Русија тврдат дека биле цел на украински беспилотни летала.
Непотврдени извештаи од руски воени блогери сугерираат дека во синоќешниот напад биле скршени прозорците на стан во јужниот дел на Москва. Ова е втора ноќ по ред како Русија известува за напади со украински беспилотни летала. Вчера руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта биле уништени 26 украински беспилотни летала.
Од целосната инвазија на Русија на Украина пред повеќе од три години, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала врз Москва. Три лица беа убиени во најголемиот напад во март.
Последните напади доаѓаат откако вчера се појавија информации за нови обиди на Украина да изврши инвазија во областа Курск. Киев вчера објави дека погодил командна единица во близина на селото Тјоткино во областа Курск.
Ukrainian drones approached the capital of Russia, Moscow, tonight.
The Russian side claimed the interception of 19 Ukrainian strike drones by Russian air defenses. pic.twitter.com/cOkhmN0MFF
— Status-6 (Military & Conflict News) (BlueSky too) (@Archer83Able) May 5, 2025