(ВИДЕО) Најмалку 45 лица се повредени во рускиот напад врз Харков

од Milan1
32 прегледи

Најмалку 45 лица се повредени во рускиот напад со беспилотни летала врз Харков, Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на масовни напади врз Харков и реката Днепар во текот на ноќта.

Меѓу повредените има две деца и една бремена жена, изјави началникот на Воената администрација на Харков, Олег Синегубов.

„Бројот на жртви од вечерниот напад врз Харков се зголеми на 45. Од нив, 31 лице претрпеле акутни стресни реакции, 14 лица се повредени со различен степен на сериозност. Пет лица се хоспитализирани“, истакна тој.

Како што изјави, 13 екипи на брза помош се распоредени низ целиот град и им пружаат помош на повредените, од кои петмина се моментално хоспитализирани, објави Танјуг.

Агенцијата УНИАН известува дека се уништени станбени згради, гаражи и инфраструктура, а оштетени се автомобили.

Слични содржини