(ВИДЕО) Најстарата горила прослави роденден

од Milan1
9 прегледи

Фату, најстарата горила на светот која живее во зоолошка градина, го слави својот 68 роденден. Зоолошката градина во Берлин и подари корпа со овошје и зеленчук неколку дена пред нејзиниот официјален роденден на 13 април.

Фату е роденa во 1957 година и дошла во зоолошката градина во тогашниот Западен Берлин во 1959 година.

Бидејќи веќе нема заби, чуварите внимаваат нејзината храна да биде мека и лесна за јадење.

Претставниците на зоолошката градина велат дека Фату е во одлична состојба за нејзината возраст.

Слични содржини