67
Брутална сцена е снимена попладнево пред трговскиот центар „Променада“ во српскиот град Нови Сад. На видеото објавено на инстаграм профилот „serbialive_novisad“, кое наводно било снимено околу 15 часот и 20 минути, може да се види како група на помлади луѓе безмилосно тепаат лице кое веќе лежи на тротоарот.
Сите напаѓачи, од кои петмина, се облечени во црни јакни, а на видеото се гледа како ја клоцаат жртвата, а некои од нив го удираат со стапови кои ги држат во рацете.
На видеото не се гледа полиција, а никој од присутните не се обидува да дојде и да му помогне на човекот кој е безмилосно тепан од напаѓачите.
View this post on Instagram