(ВИДЕО) Невестата и младоженецот во обид да ги фасцинираат гостите се запалија на свадбата

од Milan1
35 прегледи

Млад брачен пар реши да ја прослави својата венчавка на крајно необичен начин. Иако сè повеќе парови се одлучуваат за уникатни начини на стапување во брак – „банџи скокање“, под вода и слично, Гејб Џесоп и неговата сопруга Амбир решија да го кажат своето судбоносно „Да“ во пламен.

Канадските каскадери кои работеле како двојници на филмски сетови се запознале преку работата и решиле дека најсоодветен начин да ја прослават нивната љубов е да се прошетаат „запалени“.

Видеото на „Тик Ток“ кое пред извесно време стана вирално речиси преку ноќ има собра милиони прегледи, а сега на „X“ се појави видео од друг агол, кое покажа дека младенците не биле толку рамнодушни како што изгледаше на почетокот на скратената верзија што кружеше на социјалните мрежи.

Отпрвин се гледаат Гејб и Амбир којашто се прошета со пуштена коса, со букет во рацете, а потоа стасуваат до олтарот, каде што ги гаснат со противпожарни апарати. На крајот тие двајцата клекнаа на земја, а оваа сцена многумина ги потсети на филмот „Игри на гладта“ во којшто на сличен начин беа запалени актерите Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон.

Меѓутоа, во новото, нешто подолго видео, јасно се гледа моментот на блага паника кога парот претрча покрај гостите, бидејќи огнот опасно се движеше кон косата на Амбир.

За среќа, сè се заврши добро, иако многу лесно можеше да тргне наопаку во момент. Инаку, младенците носеа гел против изгореници на косата и на лицето, а долниот дел од фризурата на Амбир дефинитивно беше екстензија, така што таа беше безбедна.

Слични содржини