(ВИДЕО) Отворен големиот мост „Кукс” на реката Дрим во Албанија

од Milan1
26 прегледи

Големиот мост „Кукс” на реката Дрим во северна Албанија неделава беше отворен за сообраќај на возила. Мостот, чијашто изградба започна во 2020 година и чинела околу 40 милиони евра, има широка заоблена метална конструкција со должина од 310 метри и висина од 56 метри. Тој се наоѓа во округот Кукс во северниот дел на Албанија.

Рама денеска на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии и видеозапис од овој мост, кој ги поврзува бреговите на реката Дрим со автопатот Тирана-Кукс-граничен премин Морина на албанско-косовската граница, познат како „Патот на нацијата“.

 

Слични содржини