Супермоделот Синди Крафорд (60) предизвика бурна дебата на интернет откако детално ја опиша својата обемна утринска рутина. Синди објави видео на социјалната мрежа Тикток во кое го документира својот обемен ритуал, преполн со нега на кожата и терапии за велнес, предизвикувајќи лавина од коментари.
Нејзиниот ритуал трае два и пол часа и започнува со будење во 6 часот наутро. Потоа ги четка нозете со четка од природни влакна и ја слуша Библијата на Спотифај. Потоа, Крафорд извршува низа задачи за велнес, како што е носење инфраред маска на главата, пиење чаша јаболков оцет и опуштање во џакузито во нејзиниот двор.
Нејзината рутина вклучува и „заземјување“, каде што оди боса по тревата и прави кафе со колаген. Ја завршува рутината во 8:30 часот наутро скокајќи на мини трамболина во нејзината домашна теретана додека чека да пристигне нејзиниот инструктор по пилатес.
„Ја обожавам мојата утринска рутина – ме подготвува за одличен ден!“, напиша Крофорд во описот на видеото.
@cindycrawfordI love my morning routine—sets me up to have a great day! ⛅️ ☕️ 🧘🏻♀️