(ВИДЕО) Пакистанска провинција Пенџаб забрани активности на отворено поради загадувањето

од Milan1
10 прегледи

Најнаселената пакистанска провинција Пенџаб, ги забрани повеќето активности на отворено и повика на рано затворање на продавниците, отворените пазари и трговските центри во некои области, почнувајќи од денес за да се намалат несаканите последици предизвикани од загадувањето на воздухот.

Покраината веќе ги затвори образовните институции и јавните простори како што се парковите и зоолошките градини до 17 ноември во областите вклучувајќи го Лахоре, најзагадениот град во светот во однос на квалитетот на воздухот, според мерењата на швајцарската компанија IQAir.

Окрузите Лахоре, Мултан, Фајсалабад и Гујранвала забележаа невиден пораст на пациенти со респираторни заболувања, иритација на очите и грлото и конјунктивитис, се вели во соопштението на локалната влада на Пенџаб, објавено доцна синоќа.

Новите ограничувања ќе останат во сила до 17 ноември.

Слични содржини