(ВИДЕО): Палестинците и Израелците слават по веста дека е постигнат договор за мир

од Milan1
11 прегледи

Жителите на Газа, но и во повеќе израелски градови вечерва се на улиците и го прославуваат постигнатиот договор меѓу Хамас и израелската делегација за постепен прекин на огнот и размена на заробеници.

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на конфликтот во Газа и размена на израелски заложници за палестински затвореници, јавија доцна попладнево светските медиуми, повикувајќи се на изјави од делегациите на двете страни. Договорот може да го означи крајот на 15-месечната војна што го потресе Блискиот Исток и предизвика десетици илјади жртви и стратно уништување, главно во Газа.

Договорот, кој се уште не е официјално потврден и претставен, наводно предвидува првата фаза од спроведувањето на примирјето да трае 60 дена, по што би почнале преговороте за втората фаза, во која треба да бидат ослободени преостанатите живи заложници, војници и помлади цивили, а телата на загинатите заложници да бидат вратени во Израел.

Во првата фаза од предложениот договор ќе бидат ослободени 33 Израелци кои се во заложништво на Хамас. Тука спаѓаат деца, жени вклучувајќи војници, мажи над 50 години, ранети и болни. Израел верува дека повеќето од нив се живи, но досега за тоа немаше официјална потврда од Хамас. Израел, од своја страна, ќе ослободи повеќе од 1.000 палестински затвореници од своите затвори, вклучувајќи ги и такви кои отслужуваат долги затворски казни за смртоносни напади.

Слични содржини