Патнички авион „IndiGo“, кој летал од Њу Делхи за Сринагар, поминал низ невреме, кое предизвикало голема паника кај патниците. И покрај значителната штета на авионот, леталото безбедно слета. Според официјалното соопштение на „IndiGo“, летот бил нормален се додека авионот не се нашол среде „ненадеен град“. Авионот претрпел голема штета, а на фотографиите се гледаат дупки на носот на авионот.
Патникот Шеик Самиулах снимил видео во внатрешноста на авионот на кое се гледа паниката и стравот на патниците. За време на турбуленциите јасно се слушаат детски плач и врисоци на возрасни, додека авионот силно се тресе. Во почетокот патниците мислеле дека летот ќе биде мирен и се очекувало да пристигне во Сринагар за околу половина час, но пилотот набрзо најавил дека треба да се врзат појасите.
„Имаше толку многу турбуленции што мислев дека ова е мојот последен лет. Сите мислевме дека ќе се урнеме. Тоа беше исклучително трауматично искуство”, изјави Самиула за „Press Trust of India“. По слегувањето, патниците биле шокирани кога ја виделе штетата на авионот.
Експертот за воздушен сообраќај и поранешна инспекторка на американското Министерство за транспорт, Мери Скиаво, истакна дека ваквите ситуации не се ретки. Градот може да предизвика сериозни оштетувања на авионите, од дупчење на носот до оштетување на ветробранското стакло. Сепак, како што објасни таа, често се случува лошите временски услови да не се појават на радарот, па екипажот да не може навреме да се подготви за нив. „Во такви ситуации, пилотот мора рачно да управува со авионот и да ја одржува контролата, што е многу стресно“, рече Скиаво. Таа нагласи дека, иако дел од опремата може да се изгуби или оштети, најважно е леталото безбедно да се контролира и да се приземји.
Ова не е единствениот случај на сериозни турбуленции што го привлече вниманието на медиумите. Минатата година, летот на Сингапур ерлајнс заврши трагично по силните турбуленции, еден патник почина, а повеќе од 70 лица беа повредени.
दिल्ली से श्रीनगर जा रही इंडिगो फ़्लाइट पर बिजली गिरी और वह टर्बुलेंस में फँस गई। इस दौरान प्लेन के भीतर का नज़ारा।#IndiGoFlight #IndiGo #India #TURBULENCE #PlanetFitness #FlightTurbulence #FLIGHT #lightning pic.twitter.com/nxa4YTPOMA
— SANJAY TRIPATHI (@sanjayjourno) May 22, 2025