Француската армија би можела да избере едно од две хипотетички сценарија во случај да биде распоредена во Украина, сметаат соговорниците наа францускиот ТВ-канал LCI.
Првото сценарио би било распоредување војници по должина на реката Дњепар, која, како што истакна францускиот полковник Винсент Арбаретје, ја дели Украина на два историски дела. Арбаретје нагласувајќи дека оваа водена бариера има големо стратешко значење бидејќи овозможува набљудување на движењето на протвничките трупи и е погодна позиција за поставување на одбраната, пренесува „РИА Новости“.
Второто сценарио би вклучувало распоредување француски војници по должината на границата на Украина со Белорусија.
Тој тврди дека распоредувањето на војници на Дњепар ќе ѝ ја покаже на Руската Федерација „црвената линија“ – дека не треба да влегува на територијата на десниот брег на Украина. А нивното поставување долж границата со Белорусија ќе го обезбеди Киев.
Арбаретје исто така дозволува мешана опција со раскестување сили на двете од овие локации. Според него, целта не е да се формира континуирана линија, туку да се распоредат посебни единици способни за брз одговор.
„Ова нема да биде провокација. Ова ќе ни овозможи да ја принудиме Русија на преговори, пристапувајќи од позиција на еднаквост, велејќи: ‘Ние сме нуклеарна сила, нашите војници можат да бидат распоредени многу брзо, особено за да го заштитат Киев’“ рече тој.
Како што додаде, предноста на Франција во однос на Германија е тоа што претседателот има овластување да нареди распоредување на армијата без одобрение на Парламентот, додека германската канцеларка би морала да бара согласност од Бундестагот.
До отворената дискусија за опциите за распоредување војници во Украина на јавната телевизија дојде еден ден пред директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, да изјави дека Франција веќе подготвува контингент војници за испраќање во конфликтот.
Во последно време се почесто се зборува за можноста за испраќање војници на НАТО во Украина, откако Емануел Макрон ја шокираше јавноста (но и дел од своите сојузници во НАТО кои ја отфрлија идејата, вклучително и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг) со повторени изјави дека оваа опција не смее да се отфрли.
Во интервју за „Ле Монд“, началникот на Генералштабот на француската армија, генерал Пјер Шил изјави дека Франција е подготвена да се соочи со секакво сценарио на меѓународно ниво и е подготвена на „најтешките ангажмани“ за да се заштити.
Поранешниот американски амбасадот во НАТО, Иво Дадлер, неодамна напиша во авторска статија за „Политико“дека Франција предложила распоредување трупи на НАТО во Украина уште пред претседателот Емануел Макрон да излезе во јавноста со такви коментари, но дека предлогот бил брзо отфрлен од сите сојузници“.
Наришкин изјави денеска дека Франција веќе подготвува контингент војници кои ќе бидат испратени во Украина, а кој во почетната фаза ќе го сочинуваат околу 2.000 војници, но и дека Елисејската палата смета оти бројот на француските граѓани кои досега загинаа во руско- украинскиот конфликт преминал „психолошки значаен праг“.
Францускиот неделник „Маријан“ претходно месецов пишуваше и за три доверливи извештаи во кои, меѓу другото, се наведува дека украинската армија не е во состојба да победи во конфликтот, дека војниците од западните земји се веќе присутни во Украина и дека Русија има голема предност во сите аспекти.
Одредени офицери на француската армија во изјави објавени во истиот извештај оценија дека „испраќањето француски војници на украинскиот фронт едноставно би било неразумно“.
„Да не се лажеме, во однос на руската армија, ние сме армија на навивачки“ цитира „Маријан“ француски офицери.