(ВИДЕО) „Половина од присутните беа голи“, Кардашијан за злогласните „бели“ забави на Пи Диди

од Milan1
155 прегледи

По апсењето на музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс, кој е обвинет за силување, трговија со луѓе и водење криминална организација, приказните за злогласните сексуални „бели“ забави на раперот, на кои наводно присуствувале познати луѓе, се главна тема на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалната мрежа Тик-ток сега „ископаа“ стара епизода од реалити серијата „Во чекор со Кардашијан“ (Keeping Up With The Kardashians) во која Клои Кардашијан зборува за посетата на забавата на Диди. Во епизодата од 2014 година од „Тајните на двоен живот“ (Secrets of a Double Life), Кортни Кардашијан ја прашува својата сестра Клои кој бил со неа тој викенд.

„Диди, Квинси, Џастин Бибер, Френч Монтана?“, ја прашува Кортни, а Клои одговара дека Кортни веројатно не ги ни познава тие луѓе, а потоа почнува да зборува за забавата на Диди.

„Се качив во авион во 5:30 наутро. Па, таа забава… Мислам дека половина од луѓето таму беа голи“, споделила Клои, а потоа се пошегувала и ѝ рекла на Кортни: „Би ти се допаднало“.

Да потсетиме, по апсењето на Диди, на социјалните мрежи кружат стари видеа, како она на кое тој разговара со Тревис Скот или видеото со девојчето за кое тврдеше дека го посвоило. Тука се и контроверзните видеа на Диди со Џастин Бибер.

Покрај тоа, се појави и фотографија на која Леброн Џејмс позира во костим на собарка, за која се тврди дека е направена на забавата на Диди, иако некои веруваат дека е монтирана. Освен тоа, од социјалните мрежи исчезнаа профилите на пејачката Пинк и пејачот Ашер, а иако Ашер изјави дека неговиот профил е хакиран, некои шпекулираат дека исчезнувањето на профилот има врска со апсењето на раперот.

Диди пред судот се изјасни за невин по горенаведените обвиненија и беше задржан во притвор во очекување на судењето и ставен под надзор поради ризик од самоубиство.

Слични содржини