35
Популарната пејачка Оливија Родриго деновиве настапуваше во Мелбурн, Австралија, каде доживеа незгода среде настапот. Имено, пејачката ги загрижи обожавателите откако падна на бината. Во видеото од незгодата, кое кружи на социјалните мрежи, може да се забележи како Оливија во еден момент од настапот истрчува на бината да ја поздрави својата публика.
Оливија ги поздравуваше обожавателите, а потоа почна да трча кон центарот на бината. Во тој момент пејачката пропадна во дупката на средината на бината.
За среќа, Оливија по падот веднаш стана и ги увери обожавателите дека е добро
„О Боже мој, тоа беше забавно. Добро сум“, рекла таа.