Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токајев им се обрати на шефовите на државите на ОДКБ (Русија, Ерменија, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан) за помош во борбата против „терористичките закани“.
„Тоа се меѓународни терористички банди кои се сериозно обучени во странство. Нападот врз Казахстан може и треба да се гледа како акт на агресија“, рече Токајев.
Според него, терористичките банди преземаат контрола врз големи инфраструктурни објекти во земјата. Претседателот рече дека „терористи“ го зазеле аеродромот.
This is how #Almaty looks like now. pic.twitter.com/6RpkBPUFUz
— NEXTA (@nexta_tv) January 5, 2022
„Ситуацијата во земјата повеќе не е закана, туку поткопување на интегритетот на државата“, нагласи Токајев.
Тој рече дека се напаѓаат граѓани, а се окупирани згради во кои имало оружје.
A full police brigade in the city of #Atyrau has sided with the protestors! This signals complete shift in the dynamics of the power and now the people are taking control. Still problems with mobile & Internet connections in #Kazakhstan. pic.twitter.com/yLX4CScbBo
— Bota Jardemalie 🇰🇿🇧🇪🇪🇺 (@jardemalie) January 5, 2022
Во моментов во Алма Ата во тек е борбата со воздухопловните сили на Министерството за одбрана, а на социјалните мрежи се појавија слики од владини институции кои горат.
Руските агенции Интерфакс, Тасс и Риа Новости објавија дека во целата земја е воведена вонредна состојба, повикувајќи се на соопштение објавено на казахстанската телевизија.
Вонредната состојба претходно беше воведена локално во местата погодени од демонстрациите, Алмати, економскиот центар на земјата, провинцијата Мангистау и главниот град Нур-Султан.
Казахстанските демонстранти, лути поради поскапувањето на горивото, ја нападнаа канцеларијата на градоначалникот на Алмати и се обидоа да упаднат во резиденцијата на претседателот, откако насилните протести доведоа до оставка на владата.
Во немирите во таа земја загинаа осум полицајци и припадници на Националната гарда на Казахстан, а 317 се повредени.
Демонстрациите против остриот пораст на цената на течниот нафтен гас, кој многумина го користат како гориво за автомобили, започнаа оваа недела во западен Казахстан, а потоа се проширија низ целата земја.
Цената на течниот гас речиси двојно се зголеми на почетокот на годината откако владата ја укина контролата на цените.