Британската принцеза Кејт Мидлтон вчера беше фотографирана во јавноста првпат по веста дека завршила со хемотерапијата, откако во март откри дека ѝ бил дијагностициран рак.
Принцезата беше видена како присуствува на Крејти Кирк во Балморал, а беше фотографирана во автомобил со принцот Вилијам. Судејќи по фотографиите, принцезата изгледа добро.
Кејт носела еден од нејзините омилени кафеави шешири, кој и претходно го носеше на црковни служби. На Кејт и Вилијам во црквата им се придружиле и кралот Чарлс Трети и кралицата Камила.
Принцезата Кетрин откри дека завршила со хемотерапија со видео, кое го објави минатата недела, и потенцираше дека е фокусирана на целосно закрепнување додека полека се враќа во јавниот живот.Таа рече дека ќе се врати на работа и ќе направи уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци, но нејзиниот фокус е да остане здрава.