(ВИДЕО) Принцот Вилијам стана вирален хит на TikTok поради неочекуван гест на универзитет во Белфаст

од Илинка Илиоска
202 прегледи

Принцот Вилијам, идниот крал на Велика Британија, го освои интернетот со спонтан момент за време на посетата на Универзитетот Алстер во Белфаст. Студентката Саманта Џонсон го замоли да снима видео-извинување до нејзината професорка Лесли, објаснувајќи го нејзиното задоцнување на предавање.

„Лесли, многу ми е жал што доцниме, но сите се собраа околу нас и не можеа да поверуваат дека сум тука, па само кажи здраво,“ изјави Вилијам во видеото кое брзо стана вирално, со над 1,2 милиони прегледи на TikTok. Корисниците ја пофалија неговата топлина и непосредност, а Саманта призна дека целосно го променила мислењето за него.

@samanthaj0hns0n #princewilliam #royalfamily #ulsteruniversity #university #lecture #late ♬ original sound – samantha

За време на престојот, принцот посети модерно студио за виртуелна продукција, каде се запозна со студентите кои работат на иновативни технологии и виртуелни сетови. Таму, исто така, разговараше со актерот Џејмс Мартин, добитник на Оскар и прва личност со Даунов синдром која го постигнала тоа признание.

Принцот покажа интерес за проектите, испроба модел на мотор и изрази воодушевување од креативните потенцијали на Северна Ирска. „Овде навистина се гради репутација на лидер во креативните индустрии,“ истакна тој, потврдувајќи ја важноста на Универзитетот Алстер, кој генерира огромно влијание врз локалната економија.

 

Слични содржини