ВИДЕО: Пукање во Атланта, ранети три лица

од Берта Китинска

Најмалку три лица се ранети во престрелка во американскиот град Атланта, а полицијата соопшти дека трага по осомничениот.

-Прелиминарните податоци покажуваат дека три лица биле застрелани. Напаѓачот не е во притвор – се наведува во полициска објава на социјалните мрежи.

Полицијата не открива детали за пукањето, ниту за состојбата на повредените.

Како што пренесува Си-Би-Ес, за нападот е осомничена жена идентификувана како Раиса Кегне, додека во престрелката се убиени две лица.

Слични содржини