Огромната риба, долга колку даска за сурфање, имала сребрено-сино тело со неверојатна црвена перка по грбот, но опашката ѝ била повредена.

Според една стара легенда, овие риби се гласници на земјотреси и други природни катастрофи.

Еден локален жител кој бил сведок на сцената во Мексико рече: „Тие велат дека овие риби се појавуваат кога се очекува многу силно цунами“.

Иако научниците не докажале поврзаност меѓу двата настани, дваесет вакви риби биле исфрлени на брегот неколку месеци пред разорното цунами да ја погоди Јапонија во 2011 година, кое однесе повеќе од 15.000 животи и беше предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени.

Рибата во Мексико за прв пат била видена годинава, додека една била забележана во Калифорнија еден месец пред земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала да ја потресе областа минатата година. И овде нема докази за поврзаност помеѓу горенаведените настани.

Младите сурфери брзо дотрчале до рибата, ја зеле со помош на нивните даски и ја фрлиле назад во океанот.

Поради нивната големина и форма, веслачите личат на „морски змии“ и се сметаат за знак на идните настани во јапонската митологија. Таму се познати како „гласник од палатата на морскиот змеј“.

Легендата вели дека веслачите живеат под јапонските острови и излегуваат на површината за да ги предупредат луѓето за претстојниот земјотрес.