(Видео) Сабрина Карпентер го исмеја арапскиот звук среде концерт, публиката ја „нападна“

од Весна Трајкова
13 прегледи Фото: Принтскрин / Тикток

Американската пејачка Сабрина Карпентер се најде на удар на критики откако го исмеја арапското славеничко скандирање на обожавател на загруту во публиката во текот на настапот на фестивалот „Коачела“. Карпентер повеќепати ја нарекла традиционалната арапска и северноафриканска вокализација „чудна“, и покрај тоа што од публиката ѝ викале за нејзиното значење.

– Не ми се допаѓа тоа. Тоа е твоја култура, јодлирање? Дали е ова Burning Man? Што се случува? Ова е чудно – рекла Карпентер на сцената.

 

@user580415470841 oohh how do we feel about this. #sabrinacarpenter #coachella #zaghrouta #coachella2026 #sabrina ♬ original sound – cleo

Како што снимката од размената на реценици почнала да се шири на интернет, брзо предизвикала критики, а многумина истакнале дека најголемиот проблем со нејзиното однесување е тоа што таа повќепати ги отфрлала објаснувањата, дури и откако го дознала културното значење на вокалниот израз.

– Никој не вели дека мора да знае сè за секоја култура, но таа продолжи да го игнорира коментарот за културата дури и откако сè ѝ беше објаснето. „Тоа е мојата култура“ требаше да биде доволно – бил само еден од коментарите на социјалните медиуми.

Други корисници заземале поинаков пристап, признавајќи дека ситуацијата во живо можела да доведе до недоразбирање, но сепак го изразиле своето незадоволство од однесувањето на Карпентер во текот на настанот.

– Не мислам дека имала лоши намери, но барем требала да одговори на коментарот за културата со „Аха, во ред“ – гласел друг коментар.

Сабрина Карпентер се извинила што ја заменила загрута, арапски славенички извик, со јодлирање во текот на својот настап како главна ѕвезда на Коачела 2026.

 

– Се извинувам, не ја видов таа личност и не слушнав јасно. Мојата реакција беше чиста збунетост и сарказам, без лоша намера. Можев тоа да го направам подобро! Сега знам што е загрута! Отсега, сите извици и јодлирање се добредојдени – напишала таа на социјалната мрежа Икс.

Инаку, загрута (zaghrouta) е традиционален, долг, високотоносен звук на радост, познат како улулација, кој најчесто го изведуваат жени на Блискиот Исток и Северна Африка за време на свадби и прослави. Тоа е израз на среќа и возбуда, карактеристичен по брзото движење на јазикот.

Карпентер во петокот вечер се качи на главната сцена на „Коачела“ како прва жена хедлајнер на фестивалот во 2026 година. Џастин Бибер и Карол Џи се исто така овогодишни хедлајнери и го затворија првиот викенд од фестивалот во саботата и неделата вечер.

На сцената во петокот вечер ѝ се придружија голем број познати имиња, вклучувајќи ги Сем Елиот, Сузан Сарандон и Вил Ферел, и изведе неколку нови песни, вклучувајќи ги „We Almost Breke Up Last Night“ и „When Did You Get Hot?“ од нејзиниот последен албум„ Man’s Best Friend“. Следната недела, Карпентер повторно ќе биде хедлајнер на „Коачела“ в петок, 17 април.