(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

од Milan1
81 прегледи

Шест лица загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон во Њујорк денеска, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Во моментот на падот, во хеликоптерот имало и возрасни и деца, наведува Асошиејтед прес.

Очевидци тврдат дека падот на хеликоптерот бил проследен со силна бучава, слична на пробивање на звучната бариера и дека леталото се поделило на половина откако удрило во водата, јавува ABC. Хеликоптерот се урнал недалеку од долниот дел на Менхетен, на страната на реката поблиску до Њу Џерси.

Слични содржини