(ВИДЕО) Со помош на детектор нашол мало богатство на плажите на Ибица

од Milan1
155 прегледи

Шпанeц со помош на детектор за метал дошол до неверојатни откритија на плажите на Ибица, откопувајќи еден предмет што никогаш претходно не го сретнал, пишува „Мирор“.

Младиот тиктокер во своите видеа редовно известува за вредните предмети што ги наоѓа на неочекувани места, а неодамна се пофали и со богат „улов“ од популарниот остров.

Имено, тој тврди дека поминал четири часа песочните плажи со детектор и пронашол еден куп монети и дури седум златни прстени. Заедно со една од снимките напишал: „Благодарам на морето за сè што ми дава“.

Младиот авантурист открива дека еден од прстените има 19 карти, а другиот 18.

 

 

Слични содржини