(ВИДЕО) Страшно невреме ја погоди Франција, најголемо во последните 40 години

од Milan1
34 прегледи

Во департманот Бретања во западна Франција денеска е прогласен црвен аларм, откако бурата Хермини, која донесе обилни врнежи, предизвика поплави во Рен, што не се видени последните 40 години.

Црвениот аларм се однесува на департманот Ил-ет-Вилен и неговиот центар Рен, низ кој минуваат две реки. Ситуацијата може да се влоши во текот на денот. Општината отворила неколку спортски сали за луѓето кои немаат засолниште. Околу 400 лица се евакуирани како мерка на претпазливост вчера попладне, соопштија пожарникарите.

Портокалова тревога е прогласена и во други департмани на западот на земјата, а портокалова тревога е прогласена на крајниот запад на Бретања поради заканата од високи бранови. Кризата вчера ја предизвика бурата Херминио, која пристигнала по екстремно силната бура Еовин, која го погоди Обединетото Кралство.

Северозападна Франција е погодена од обилни врнежи и силни ветрови, а земјата веќе е заситена со вода. Невремето вчера предизвика проблеми во сообраќајот на возовите во Бретања и Нормандија.

Слични содржини