(ВИДЕО) Студент по медицина на Харвард изел 720 јајца за еден месец, откри што се случило со неговото тело

од Milan1
65 прегледи

Студентот по медицина на Харвард, д-р Ник Норвиц, одлучил да изеде 720 јајца за само еден месец за да тестира како високото внесување на холестерол преку јајцата, влијае на неговото ниво на холестерол.

На крајот од експериментот открил дека нивото на холестерол всушност му паднало за речиси 20 отсто, што е спротивно на очекувањата, пишува „Њујорк пост“.

Пред да започне, Норвиц претпоставил дека големата количина јајца нема негативно да влијаат на неговиот лош ЛДЛ холестерол. Во текот на месецот консумирал 24 јајца дневно, односно 1 јајце на час, што значело дека во месецот консумирал повеќе од 133.200 мг холестерол.

И покрај зголемувањето на холестеролот во исхраната, нивото на ЛДЛ се намалило за 2 отсто во првата недела, а потоа паднало за дополнителни 18 отсто во последните две недели.

Пред да започне експериментот, Норвиц имал нивоа на ЛДЛ околу 90 мг/дл додека бил на стандардна американска диета, која потоа ја заменил со кето диета.

Истражувањата покажуваат дека консумирањето јајца во умерени количини не влијае негативно на холестеролот, дури и кај луѓето со дијабетес.

За време на експериментот, Норвиц забележал дека луѓето на диета со малку јаглехидрати, особено на кето диета, често имаат зголемување на ЛДЛ, ХДЛ (добриот холестерол) и намалување на триглицеридите. Ова е познато како липидна тријада, која се однесува на промена на метаболизмот од согорување јаглехидрати кон согорување на маснотии.

Норвиц вели дека причината поради која го преземал „лудиот“ експеримент е да предизвика „интелектуална дебата“ за екстремните информации на тема – диети на социјалните мрежи.

Слични содржини