(ВИДЕО) Тој го нарече папата имбецил и го спореди со ѓаволот; Денес вели: Ми беше чест да го запознам

од Milan1
71 прегледи

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи прогласи седумдневна национална жалост во чест на папата Франциско, објави неговиот портпарол. Папата Франциско беше извор на огромна гордост за Аргентина, татковина во која мнозинството од населението се декларира како католици, но и за цела Латинска Америка. Како прв папа од тој дел на светот, тој симболизираше нова фаза во историјата на Католичката црква.

Зошто папата Франциско никогаш не ја посетил родната Аргентина?

Неговата смрт предизвика спонтани собири и молитви во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина. Папата Франциско беше особено омилен поради неговата блискост со луѓето, неговото застапување за сиромашните и неговата борба против економската неправда, теми кои силно одекнаа во Аргентина, земја која со децении минува низ економски кризи. Но, токму поради неговите општествено чувствителни ставови, често имал тензични односи со актуелниот претседател Милеи, со кого имал изразени идеолошки разлики.

Милеи во неколку наврати се судри со папата. Пред да ја преземе функцијата, тој го критикуваше папата за неговите ставови за економската политика, дури и го обвини во 2022 година дека „секогаш е на страната на злото“. За време на претседателската кампања во 2023 година, тој го нарече Папата „имбецил“ кој ја брани социјалната правда, споредувајќи го со злото и ѓаволот.

Подоцна тој ги ублажи изјавите, а кога се сретнаа двајцата топло се прегрнаа. Папата го прими Милеи на приватна аудиенција во Ватикан во февруари 2024 година, еден ден откако ја канонизира првата светица од Аргентина.

По смртта на папата Милеи објави: „И покрај разликите кои денес изгледаат мали, тоа што имав можност да го запознаам преку неговата добрина и мудрост беше вистинска чест за мене. Се збогувам со Светиот Отец и сочувствувам со сите нас кои денес се справуваме со оваа тажна вест“.

Папата никогаш не ја посетил родната Аргентина

За време на неговиот понтификат, папата Франциско патувал во странство 45 пати. Тој е првиот папа што ги посети Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Мјанмар, Македонија, Бахреин и Монголија. Но, бискупот од Буенос Аирес никогаш не се врати во Аргентина, каде што јавноста беше поделена околу него и каде што го доби прекарот Папа на сиромашните квартови поради неговиот фокус на сиромашните и затоа што ги посети сиромашните фавели во Буенос Аирес наречени „вили мизерии“, пишува Ројтерс.

Слични содржини