Уште една голема трагедија го погоди бразилскиот фудбал откако еден навивач изгоре до смрт, а неколку навивачи беа повредени. Несреќата се случила додека навивачите на Крузеиро се враќале дома по натпреварот со Атлетико Параненсе кој се одигра во Куритиба.
Како што објавија бројни локални и меѓународни медиуми, навивачите на Крузеиро, членови на ултрас групата Мафија Азул, наводно биле нападнати од навивачи на Палмеирас, ултрас групата на Манча Верде.
Напаѓачите пуштиле огномет и фрлале бомби од домашно производство кон автобусот, а улицата била преполна со клинци кои ги дупнале гумите на автобусот, што довело до пожар.
Mancha Verde, the main ultra group of Palmeiras, set fire to the bus of Máfia Azul, the main ultra group of Cruzeiro, who were returning from Curitiba after last night’s game against Athletico.
Several Cruzeiro fans were injured, as they were brutally beaten and burned. pic.twitter.com/nqFyINGK59
— Football Report (@FootballReprt) October 27, 2024
Напаѓачите го снимиле целиот инцидент, на видеото се гледа детал како му приоѓаат на повредениот навивач на Крузеиро.
Локалните медиуми јавуваат дека еден навивач починал или поточно изгорел, а неколкумина од нив се повредени од удар со метални палки кога успеале да побегнат од запалениот автобус.
Пред две години, во септември 2022 година, голем судир меѓу две групи заврши со четворица убиени и десет повредени во таа престрелка.