(ВИДЕО) Туристки во Дубаи се соочуваат со затворска казна од најмалку шест месеци се потсмеваја со муслиманка

од Milan1
42 прегледи

Контроверзен инцидент се случи во Дубаи кога две странски туристки се снимаа како се потсмеваат на муслиманка која носи никаб, ткаенина со која некои Арапкиите од исламска вероисповед, го покриваат лицето. Не само што нивниот потег е нелегален во земјата, туку се смета и за крајно несоодветен. Клипот, кој трае само 13 секунди, стана вирален на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како две жени се кикотат и снимаат муслиманка додека јаде со партнерот во ресторан.

Обединетите Арапски Емирати имаат строги закони во врска со приватноста и личното достоинство. Снимањето луѓе без нивна согласност, особено на начин кој најверојатно ќе ги изложи на јавна омраза или презир, е кривично дело казниво со затворска казна од најмалку шест месеци и парична казна до 100.000 фунти.

Полицијата во Дубаи реагирала на инцидентот и потврдила дека го истражува случајот. Во соопштението од надлежните се наведува дека случајот е веќе проследен до надлежните органи. Оваа ситуација служи како потсетник за сите посетители на Обединетите Арапски Емирати за потребата да се почитуваат локалните закони и да се почитуваат општествените норми.

Слични содржини