(ВИДЕО) Украинците со еден удар го уништиле „чудесното оружје“ на Ким?

од Milan1
181 прегледи

Украинскиот 14-ти полк за беспилотни летала наводно оштетил три севернокорејски хаубици „М1989“ во координиран напад во вторникот, пишува аналитичарот на Форбс, Дејвид Екс.

Нападот започнал откако дрон забележал три самоодни хаубици од 170 милиметри, за кои Украинците кои се борат во регионот Курск тврдат дека се „чудесно оружје“. Екипажот на беспилотното летало потоа ги пренел координатите на блиската артилериска единица, опремена со ракетен систем HIMARS, која истрелала најмалку една ракета М30.

Ракетата експлодирала над шумското засолниште и пукнала во стотици подпроектили со големина на рачни гранати, кои ги опсипувале хаубиците. На социјалните мрежи се шират снимки од нападот.

Сепак, аналитичарот пишува дека нападот можел да оштети или уништи значителен дел од хаубиците „М1989“ што Северна Кореја ги испрати во Русија во обид да ги компензира големите руски загуби.

Севернокорејскиот врховен лидер Ким Џонг-ун испрати стотици парчиња воена опрема во Москва. Зајакнувањето вклучувало не само хаубици М1989, туку и противтенковски ракети, системи за противвоздушна одбрана и повеќе ракетни фрлачи.

Слични содржини