22
Руски воен транспортен авион Ту-134 бил запален во текот на ноќта на воен аеродром во регионот Оренбург, соопшти Украинската воена разузнавачка служба (ХУР).
-Ваквите советски авиони особено се користат за транспорт на раководството на руското Министерство за одбрана, наведуваат од ХУР.
Според агенцијата, авионот, кој припаѓал на 117-от воено транспортен авијациски полк на руските вооружени сили, изгорел до темел на воениот аеродром Оренбург-2.
Аеродромот се наоѓа на шест километри југозападно од рускиот град Оренбург. Градот се наоѓа на приближно 1.250 километри од линијата на фронтот во Украина и 90 километри северно од границата меѓу Русија и Казахстан.