Во првото видео, Ејвери објасни дека отишла на лекар на преглед по два месеци некористење Оземпик за да провери дали нејзиното тело закрепнало. Сепак, таа останала во шок откако ѝ била дијагностицирана остеопороза. Остеопорозата предизвикува слабеење и кршливост на коските до тој степен што дури и мал пад може да доведе до фрактура.

– Не ја очекував оваа дијагноза. „Изгледа дека Оземпик може да предизвика губење на коскената маса, а не мислев дека тоа ќе ми се случи бидејќи бев на него само една година“, рече Ејвори.

„Ве молам научете од моето искуство“, вели таа.

Таа додаде дека лекот не го добила на рецепт, тврдејќи дека е „многу лесно да се набави деновиве“. Таа откри и дека страда од пореметување во исхраната.

„Направив грешка. Ја прифаќам одговорноста за моите постапки. Ве молам да научите од моето искуство”, рекла Ејвори, додавајќи дека ќе започне со лекување и ќе земе соодветна терапија.

„Ве молиме бидете внимателни со Оземпик освен ако не ви е потребен медицински“, предупреди таа. Во подоцнежното видео, таа појасни дека нејзината цел не била да го „демонизира“ Оземпик, туку да ги информира луѓето за можните последици од неговата неправилна употреба.