Вооружени лица убија кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз. Во инцидентот загинаа уште 4 лица. Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени 3 лица.
Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на 1 јуни.
Гувернерката на Веракруз, Росио Нале, изјави дека помеѓу убиените е и ќерката на Гутиерес.
– Ниедна функција не вреди да се умре за неа. Целата државна власт ќе биде присутна во наредните денови за да се обезбеди изборите да бидат слободни и демократски, истакна Нале на вчерашна прес-конференција, ветувајќи правда.
Снимка, објавена онлајн за време на пренос во живо, прикажува луѓе како трчаат и викаат додека се слушаат истрели на парада со мотори и со поддржувачи кои носат знамиња на Морена.
Yesenia Lara Gutiérrez, candidata de Morena a la alcaldía, es asesinada esta noche en atentado durante recorrido de campaña en Texistepec, Veracruz pic.twitter.com/b9CVbvy8Ry
— Ulin de la Cruz (@BarraXXI) May 12, 2025