(ВИДЕО) Во програма во живо влета гулаб

од Milan1
17 прегледи

Неочекувана сцена се случи за време на пренос во живо на утринската програма на српската Прва телевизија. Додека водителката Бојана Ристивојевиќ разговараше со метеорологот Недељко Тодоровиќ, гулаб влета во кадарот на видео бимот во позадина.

Водителката погледна кон екранот за момент, но се обиде да не дозволи тоа да ја одвлече вниманието, па го продолжи разговорот со гостинот професионално.

ТВ Прва го сподели овој момент со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, со опис:

– Некој навистина сакаше да ни се придружи во студиото утрово.