(ВИДЕО) Во Шпанија уапсен нарко-бос од Косово

од Milan1
105 прегледи

Шпанските власти го уапсија Харедин Фејзула, 59-годишен Албанец од Косово, кој белгиските власти го осудија на 29 години затвор за поседување и продавање дрога.

 

Акција на шпанската национална полиција доведе до апсење на 10 лица во мадридската населба Карабанчел, меѓу кои и Харедин Фејзула, обвинет за водење на банда со седиште во Белгија, објавија албанските медиуми. Групата била посветена на одгледување и трговија со канабис, нелегален бизнис од кој заработиле неколку милио0ни евра.

Во 2022 година тој беше осуден на 29 години затвор во Брисел, но по изрекувањето на пресудата избега. Според полицијата, истрагата за негово пронаоѓање започнала во јануари 2023 година поради сомневање дека се крие во Мадрид. Тој беше баран од Европол.

Слични содржини