Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег, соопштуваат од компанијата.
„Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег“, објаснуваат од компанијата.