(ВИДЕО) Зеленски пристигна во Саудиска Арбија

од Milan1
30 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во градот Џеда во Саудиска Арабија.

„Украина сака мир, а Русија е „единствената причина поради која војната продолжува“, напиша Зеленски на Телеграм пред потенцијално клучните разговори со претставници на САД во Саудиска Арабија.

Средбата меѓу делегациите на САД и Украина треба да се одржи во вторник во Саудиска Арабија. Американската делегација ќе ја предводи американскиот државен секретар Марко Рубио придружуван од секретарот за национална безбедност и пратеникот на Трамп за Блискиот Исток.

Украинската делегација ќе ја предводи Андриј Јермак.

Слични содржини