Демонстрантите сепак со чатали го обоија Собранието. Не помогна ниту двојната челична ограда која полицијата ја беше поместила десетина метри кон паркот Жена, односно ја постави среде улица.
Бојата завршува врз Собранието #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/ScX8VLbgCe
— META.mk (@meta_agency) May 27, 2016
Демонстрантите сепак со чатали го обоија Собранието #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/19U5jn4xdI
— META.mk (@meta_agency) May 27, 2016
Шарената револуција и вечерва успеја со чатали и со топки боја да го обои законодавниот дом. Граѓаните слават.
Запалија факели во боите на Шарената револуција, која вечерва е во знакот на паролата: „Селективна правда е неправда (Selective justice is injustice). Графитот што беше испишан на улицата пред зградата на ЕУ инфо центарот е испириран од селективното повлекување на одлуката на Иванов за аболиција на повеќе политичари вмешани во корупција, скандали и други политички марифетлуци./ видео Мета