(ВИДЕО)„Губиме и измислуваме! Каде се документите за валканата бомба?“: Шок на руската државна телевизија

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во понеделникот вечерта на државната руска телевизија имаше ретко признание дека инвазијата на Украина не оди според планот и дека руските приказни за украинска валкана бомба се сериозни измислици. Храбар автор на тие изјави е Виктор Олевич, експерт за надворешна политика, кој без воздржување зборуваше во студиото, што предизвика непријатност кај гостите, особено кај водителот Андреј Норкин.

Во Русија Олевич се претставува како „најголем експерт за Америка“, се вели дека студирал и во САД, но живее и работи во Москва. Од порано има репутација дека не е секогаш „доверлив човек на Кремљ“, пишува Јутарњи лист.

„Ситуацијата е ваква. Почнавме специјална воена операција, целосно го потценивме непријателот и по осум месеци не можеме да го победиме. Попатно постојано се жалиме на земјите кои сакаат да ја уништат Русија“, рече Олевич, на што водителот одговорил:

„Не се жалиме, туку им се лутиме“.

„Можеме да бидеме лути колку што сакаме, но тоа нема да ги реши нашите проблеми“, одговорил Олевич.

После тоа се отворила тема околу информациите дека Украина сакала да употреби валкана бомба.

„Каде се документите? Каде се вистинските информации за таа бомба? Каде е, каде планираат да јакористат. Не разбирам зошто зборуваме за тоа. Каде се доказите? Ваквите провокации не доаѓаат без наредба „од горе“. Ако Русија има разузнавачки информации за валканата бомба, нека покаже“, инсистира Олевич.