(ВИДЕО)Низ Алпите помина најдолгиот патнички воз во светот – 100 вагони, речиси два километри

од Nikola Popovski
184 прегледи

Најдолгиот патнички воз во светот, составен од 100 вагони кои се протегаат на речиси два километри, помина во саботата низ швајцарските Алпи, соопшти швајцарската железничка компанија „Rhaetian Railway“.

Компанијата објави дека го соборила светскиот рекорд за најдолг патнички воз по повод 175-годишнината од швајцарската железница.

Возот долг 1.910 метри, составен од 100 вагони, патувал низ Алпите по една од најспектакуларните линии, која минува низ Албула/Бернино.

Делот од железницата од 1904 година е дел од светското наследство на УНЕСКО во Европа и има импресивна инфраструктура со 22 тунели, од кои некои се движат низ планините и преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот вијадукт Ландвасер.

Целото патување од околу 25 километри траеше повеќе од еден час.

Директорот на „Rhaetian Railway“, Ренато Фашијати, рече дека целта на поставувањето на рекордот е да се истакнат некои од инженерските достигнувања на Швајцарија и да се прослават 175 години од швајцарската железница.

Слични содржини