Српската авангардна уметница и пејачка Слаѓана Милошевиќ почина денеска по кусо боледување во 69 година од животот, потврди нејзината пријателка Билјана Петровиќ во изјава за „ФоНет“.
Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и беше сметана за икона на новиот бран во осумдесетите години на минатиот век во Југославија. Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што освоила „Гран при“.
На површината на југословенската поп-рок сцена исплива во 1977 година, со песната „Ау, ау“, а истата година го имаше првиот голем настап на Концертот кај Ајдучка чешма, каде настапувала пред „Бијело Дугме“.
Милошевиќ почна да ги крши табуата кога ја објави песната наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.
Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.
Во 1984 година со Дадо Топиќ го сними антолошкиоѕ хит „Принцеза“, кој беше преведена и на англиски јазик, а во 1989 година замина во САД, каде извесно време свиреше со групата „Бејби систер“.
Во Белград се врати во 1995 година.