299
Актерот, Висар Вишка вечерва на својот фејсбук профил, објави ситуација во која побара реакција од Албанските, но и Македонските партии, а врзана за содржина во учебник по Географија за втора година гимназиско образование.
Имено, станува збор за поврзување на потеклото на албанскиот народ, и третманот воопшто по овој предмет и по овој основ.
Во продлжение, Ви го пренесуваме неговиот фејсбук статус во целост:
„Следам еден скандал и ме чуди што сите албански партии и интелектуалци се обраќаат само на албански и само кон албанците, во ситуацијава дуи.
Чекам некој да прозбори и да прочитам да се покрене ова и да разберат и нашите сограѓани македонци, затоа што не е нов проблем, туку сеуште и после падот на груевизмот нели, сеуште намерно се гаи фашизам, национализам.
Во Географија од втора година за гимназија, пишува дека албанците имаат потекло дел од маледонци кои се преобратиле, роми, черкези и од турци.
За мене е пострашно што учат средношколците македонци него ли албанците. Албанците знаат кои им се предци.
Треба и Албанија вето да удри? Батали, Албанија…вака ги учите децата? На ова? На крајот на краиштата, што е важно потеклото, и тоа во географија?
Ова ли е духот на соживот?
Тоа е работата, ако видите некој да пали книги.
Можеби треба цело министерство да се запали за да се престане со труење децата?“, се вели во објавата на Висар Вишка.