Висок функционер на Белата куќа: Ќе разговараме дали Бајден треба да ја продолжи претседателската трка

од Milan1
92 прегледи

Високиот функционер на Белата куќа Дејвид Акселрод денеска изјави дека ќе се разговара за тоа дали демократскиот кандидат и американски претседател Џо Бајден треба да ја продолжи претседателската трка.

„Постои чувство на шок поради неговиот настап на дебатата. Начинот на кој звучеше неговиот глас и фактот дека изгледаше малку дезориентиран. Ќе разговараме за тоа дали треба да ја продолжи (трката)“, рече Акселрод, кој исто така беше службеник на кампањата на поранешниот претседател Барак Обама, пренесува „NBC“.

Настапот на Бајден во дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп предизвика нов круг критики од демократите, вклучително и размислувања за тоа дали тој треба да остане на врвот на листата.

Слични содржини