Високите температури оштетија дел од пруга во Хрватска

од Milan1
60 прегледи

Високите температури изминатите денови оштетија дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана.

Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси.

По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.